Работен план на активности.

РП 1: Менаџмент


Лидер партнер: ISSBS, Целје, Словенија
Главната цел на Работниот пакет 1 е да се формира структурата на управување и воспоставување на соодветни механизми за координација на проектот од технички, педагошки и административно-финансиски аспект. Во рамките на РП 1, ќе се одржат 7 проектни состаноци.

РП 2: Почетна студија


Лидер партнер: ISOB, Регенсбург, Германија
Собирање на релевантни сознанија од меѓународни и национални литератури и добри практики за вклучување на Ромите и децата мигранти во средините за учење (со поддршка од добро обучени наставници и волонтери). За да се студира оваа тема, потребни се анализи и податоци на моменталната состојба во партнерските земји (и Турција) и валидација на добрите практики за успешно да се реализираат и извршат сите други чекори на проектот.

РП 3: Обуки за волонтери


Лидер партнер: ISSBS, Целје, Словенија
Обуката на волонтери ќе ги екипира лицата кои сакаат да се вклучат во волонтерската работа со знаења и познавања за општествената одговорност, волонтерството, како и со стратегии за работа во мултикултурна средина, со фокус на Ромите и емигрантите. Ќе биде развиена Е-училница за поддршка на активностите на обуката.
Чекори – предвидени обуки:
  • Пилот обука за волонтери: Јуни 2017 во Словенија
  • Јануари 2018 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија
  • Јануари 2019 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија

РП 4: Волонтерска активност


Лидер партнер: УЈИЕ, Тетово, ПЈР Македонија
Важен акцент е ставен на волонтерството како еден од најважните инструменти за да им помогне на мигрантите и на децата роми да бидат подобро вклучени во училиштата и во целото општество. Волонтерската работа главно се фокусира на помагање на децата со домашната работа, комуникација со мигрантите на јазикот на нивните земји, помагајќи со интеграцијата на децата-мигранти и нивните родители во регионот и во заедницата.
Чекори- предвидени обуки:
  • Од Февруари до Мај 2018 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија.
  • Од Февруари до Мај 2019 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија.

РП 5: Обука за наставници


Лидер партнер: IRŠIK, Мурска Собота, Словенија
Главната цел на обуката на наставниците е да се обезбеди подобри културни надлежности за наставниците кои предаваат во паралелки во кои има Роми или мигранти, за да им се пренесат познавања на стратегиите за вклучување на овие групи во училниците. Обуката ќе трае 2 дена и ќе биде поделена во работилници (интеркултурни надлежности, стратегии за вклучување, спецификите на вклучување на Ромите и децата мигранти во образованието ...). Ќе биде развиена Е-училница за поддршка на активностите за обука.
Чекори- предвидени обуки:
  • Пилот обуука за наставници: Јуни 2017 во Словенија
  • Април/Мај 2018 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија
  • Април/Мај 2019 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија

РП 6: E-платформа за интеркултурни теми


Лидер партнер: CSIG, Таранто, Италија
Можностите за дигитално учење нудат неограничен простор за дизајн на само-организирано и учење преку активно учество. Различни материјали, како што се интерактивни материјали, видеа, квизови, и интервјуа се достапни. Е-платформата е дизајнирана првенствено за наставници и за волонтери; е-платформа исто така е насочена кон други групи: деца, нивните родители и други посетители воопшто. Е-платформата ќе биде изведена во последната година (2019) на проектот и тоа на 7 јазици: англиски, германски, италијански, македонски, словенечки, шпански и турски јазик.

РП 7: Национални семинари за сите засегнати страни


Лидер партнер: УА, Аликанте, Шпанија
Во текот на овој проект ќе се организираат различни семинари за различни засегнати страни (креаторите на политиките во образованието, директори на училишта, претставници од локалната самоуправа, претставници на локалните власти, Институтите за Роми или мигранти, истражувачи и академици во оваа област, итн.) Главните теми на семинарите се вклучувањето на мигрантите и на децата роми во училиштата, како и волонтирањете.
Чекори- предвидени обуки и национални семинари:
  • Национален пилот семинар: Јуни 2017 во Словенија
  • Април/Jуни 2018 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија
  • Април/Jуни 2019 во Словенија, Шпанија, ПЈР Македонија, Италија
Луѓе на деловен состанок

РП 8: Осигурување на квалитет


Лидер партнер: ISOB, Регенсбург, Германија
Ќе се изврши целосно собирање на податоци за вредноста на развојот на проектот, неговите силни страни, неговите слабости, можностите и ризиците кои биле откриени преку имплементација и достигнувањата на проектот наспроти индикаторите. Ова ќе придонесе за евалуирањето на проектот од страна на трети страни, кои ќе го поддржат понатамошното ширење и експлоатација.

РП 9: Дисеминација и меѓународна конференција


Лидер партнер: ISSBS, Целје, Словенија
Резултатите на проектот ќе бидат дисеминирани во текот на времетраењето на проектот, но и потоа. Главните активности на дисеминација се:
  • Резултатите на проектот ќе бидат дисеминирани на една меѓународна конференција(која ќе се организира во Септември 2019, во Словенија).
  • Членовите на конзорциумот ќе ги претстават резултатите и активностите во земји кои се надвор од конзорциумот(најмалку 6 пати во текот на времетраењето на проектот).
  • Ќе се одржат два семинари и тоа еден во Германија (мај 2019) и еден во Турција (во Јуни или Септември 2019): Семинар за претставниците на социјалните организации, Семинар за директорите, класните раководители и наставниците, Со цел да се дисеминира и промовира проектот и неговите резултати меќу главните засегнати страни и делители на финалните материјали,(овие настани се еден вид на замена за акивностите од РП3, РП4 и РП5 кои нема да се одржат во Германија и во Турција).
Галерија
Галерија
Галерија
Галерија